И денешниот ден не донесе нешто позначајно за македонските каратисти во првото коло наКарате 1 Премиер лига во Париз (Париз опен) 2018. Максимумот беше две победи на Вероника Костовска од КК Кеикс, останатите или губеа во првото коло или во второто, а Моника Стефановска не ја искористи шансата во репасажот.
Се на се, само Моника Стефановска има пласман, односно е девета во категоријата, со што ќе освои бодови и ќе го поправи пласманот на Ранг листата на ВКФ. Сепак, ова е премалку за очекувањата што ги имаше во нашата Федрација и јавноста.
Неколку турнири од Премиер лигата се бодуваат за Олмписките игри во Токио 2020, а речиси во секоја категорија се 64 најдобри на светската ранг листа на ВКФ. Во Париз имаше 756 натпреварувачи од 81 земја.
Ова е апсолутно лош старт на нашите каратисти, ако се има предвид дека во Премиер лигата освојувавме и медали, но последните три кола од минатата година предупредија дека нешто се случува во наштата репрезентација, зашто најмногу минуваа две кола.
Резултати
-61 кг – 64
Наташа Стефановска – Анита Серогина (Украина) 0-3
Вероника Костовска – Сабрина Хостелер Хедер (САД)
Вероника Костовска – Кристина Грасија Верер (Шпанија) 4-0
Вероника Костовска – Александра Гранде (Перу) 1-4
-68 кг – 49
Моника Стефановска – Ивона Тубиќ (Хрватска) 4-3
Моника Стефановска – Ализ Ажеир (Франција0 0-3 – четвртфинале
Репасаж
Моника Стефановска – Андрине Хилтон (Норвешка) 1-3
60 кг – 64
Емил Павлов – Каисар Алписбај (Казахстан) 0-1
-84 кг -64
Берат Јакупи – Алехандро Молина Аренкон (Шпанија) 1-3
Виктор Крстевски – Урош Мијалковиќ (Србија) 3-1
Виктор Крстевски – Игир Чихмарев (Казахстан) 0-1
+84 кг – 64
Мартин Несторвски – Иван Клепиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Жарко Арсовски – Димаш Акматов (Казахстан) 3-0
Жарко Арсовски – Јонатан Хорне (Германија) 0-1
Ipon.mk/В.Д.