Нина Ансароф стана мајка (ФОТО)

Нина Ансароф стана мајка.

Македонаката која живее во САД роди женско дете, а нејзината партнерка, двојната шампионка Аманда Нунес од Бразил, на социјалните мрежи соопшти дека нивната ќерка Рaган Ен Нунес е родена на 24 септември во 7:15 часот наутро. „Лавицата“ сподели фотографија на социјалните мрежи и напиша дека не може да ги изрази емоциите што ги чувствува.

Нунес е УФЦ шампион во петел и во лесна категорија. Таа е со скор 20-4 во ММА, а ММА заедницата ја смета за најголем борец во историјата во конкуренција на жени. Нунес е во серија од 11 последователни победи, а 16 од борбите се со зваршница. Во декември ќе се бори против Меган Андерсон.

Ансароф е далеку од успехот на Нунес и има скор 10-6 во ММА. Пред една година ја загуби серијтаа од 4 последователни победи откако Татјана Суарез ја победи со одлука на судиите.

https://www.instagram.com/p/CFkIpc2APs0/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО