И претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, регаираше на информацијата што ја ообјавивме од членот на Иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание, Страшо Глигоров дека тоа ќе се одржи на 14 август.
„Тоа го разбрав од медиумите. Иако се направени разговори со Ванчо Чифилиганец, вонредното Соабрание во мовој момент не може да се направи, бидејќи разговарав со клубовите. Тоа се Лирија, Бучим, Спартак, Балканец (со претседателот), Неготино и уште со некоиуе скопски клубови, кои се согласуваат со мојот предлог.
Сметате дека вонредното Собрание на Иницијативниот одбор ќе биде нелегитимно?
-Во Законот убаво пишува дека собранието се закажува во рок од 14 дена, а не да се одржи во тие денови.
Што ако се одржи Собарнието?
-Прво не верувам дека ќе се одржи Собранието, бидејќи имам согласност од клубвите. Ако се случи тоа, јас ќе го известам Обединетото светско борење (ОБС). А, се знае како регаираат тие. Ја супендираат федерацијата и чекаат конечна разрешница. Тие ќе побараат мислење од МОК и од ИОК, но тоа ќе трае подолго време.
Поради ситуацијата во ФБСМ, каква е атмосферата во репрезентацијата?
Супер! Извадивме авионски билети, потоа ќе се оди на подготовки во Бугарија. Нон стоп сме во комуникација.
Што ако се јави двојство кај клубовите, односно да учествуваат и на двете Собранија?
-Може се да се случи и тоа. Има една работа, поголем број од клубовите ме прашаа дали да ја потпишат иницијативата за вонредно Собарние, јас им реков да го направат тоа. И јас сакам некои работи јасно да се кажат, бидејќи имаше изнесено многу невистини. Дека е направен крминал околу ЕП, дека Федерацјата е во длогови. Кажани се работи кои вооопшто не коренсподираат. Ние имавме ревизија од Агнецијата за млади и спорт и констатира дека се е во ред. Имавме контрола од УЈП. Најде мали неправилности, плативме казна и поголем дел од недостатоците ги отстранивме. За прв пат во независнна Македонија, немамло толку подготовки колку што ги имаше оваа и минатата година, а борачите учествуваа на секое меѓунродно првенство и турнир. Нормално, помогнати од МОК, АСМ, клубовите. Успеавме да обезбедиме 4 стипендисти, се јавуваме кај претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ и кај ЦеноЦенев, пртеседателот на ОБС Европа, за отпишување на долгови и добивање на душеци. А на договорот со Лаловиќ беше и Васил Тупурковски, претседателот на МОК. На Европските игри добивме парво на учество на 4 +1 натпреварувач наместо 3+1. И сега ќе имаме 4+1, а чекаме одговор и за петиот, Дејан Богданов.
Најмногу ме прозиваа за ЕП. Имам и слики и снимики, парите се предваа во банка преку комисиска проверка. Не постоеше никаков начин да се направи кирминал.
Значи, според Вас, единствено легитимно Собрание е она 7 октомври?
-Апсолутно! Бидејќи тоа е закажано во консултација со клубовите, но и во соработка со АСМ.
Ако се одржи Собарнието и ако почнат да се применуваат одлуките од истото, што во тој случај?
-Не може тоа, ниту по Законот за спорт, ниту по Законот за граѓански здруженија. Мислам дека ќе направат невидена бламажа. Мислам дека луѓето ја разбираат работата. Јас секако нема да бидам претседател. Не знам зошто толку брзаат. Неколку пати ги молев да ми ја прифатат понудената оставка. Во последен момент успеав да најдам пари за да отидат во Финска. За сите работи околу ЕП во Финска, никој не ми помогнал, како, на пример, да ја добијам салата „Борис Трајковски“, градски сообраќај. Сепак им благодарам за помоштана Борче Боев и Александар Пујовски.
Ако се било така, како што велат, зошто на Собранието што се одржа пред неколку месеци не кажаа забелешка, бидејќи и тогаш ги имаа информациите. Дали некој сака да се кити со резултатите ако се направат. Секако, дека јас ќе си заминам. Јас сум среќен дека ќе дојде Ванчо Чифлиганец, кој прифати биде претседател. Многу пати сум го убедувал да биде, но ме одбиваше, како и Николајчо Николов. Раговарав и со други бизнсимени, но никој не сакаше да дојде.
Да прашам ги иницијаторите, дали претседателот треба да ствара клубови или да се грижи за меѓународната програма? Која е 100 отсто реализирана. Што направил Страшо Глигоорв и некои како него во Иницијатиовниотр одбор? Дали се тоа фантомски клубови? Немаат регистрарно ниту еден борач. А, тој беше селектор 4-5 години. Нека се запраша што направил тој? Ако е некој најголем виновник што немаше учесник во ОИ 2012 во Лондон, тоа е тој. Му извадивме билет за ЕП во Германија, но не отпатува. А кога Дејан Митров стана осми на тоа ЕП, од АСМ бараше награда да земе, како тренер/селектор. Има уште многу други работи. И да сакаат и да не сакаат, пак ќе повикам контрола од УЈП. Знам дека е тешко да се работи со 10 илјади евра од АСМ. Еден борач за еден настап не чини 1500-2000 евра, плус подготовките и патот.
ipon.mk/В.Д.