Николов: Радовиш го заслужи Македонскиот бисер!

Саско Николов

Радовиш подготвено го чека почеткот на Македонскиот бисер, вели градоначалникот Сашко Николов и истакнува дека Општина Радовиш се вклучува како логистичка поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

-Задоволни сме што повторно сме домаќини на еден од најзначајните турнири во Македонија. Радовиш е град на борењето, иако тоа во последно време стагнираше, Општината се ангажира да го подигне и да го доведе на шапионските патеки. Ние, како Општина, максимално се залагаме за да го унапредиме овој спорт, фактички ние сме генерални покровителе на БК Бучим-Рдаовиш, – рече Николов.

Утре се одржува 39. Македонски бисер на кој ќе учествуваат борачи од седум репрезентцаии.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО