Мани Пакијао се обиде на секаков начин да ги омаловажи заслугите на Флојд Мејведер за поразот кој го претрпе во „борбата на векот“, па се почестите прозивки очигледно го испровоцираа американскиот шампион да донесе конечна одлука за тоа дали ќе го прифати предизвикот на Филипинецот за реванш бокс меч.
Мејведер пред неколку дена изјави дека секогаш е расположен за нова борба со Мани Пакјао, но сепак последните изјави на Филипинецот го натерале да го промени мислењето и да им стави крај на шпекулациите кои се појавија за можна нова борба меѓу двајцата боксери.
– Дали кажав дека ќе се борам пак со Пакјао? Да, но сега го променив мислењето. За ова кратко време донесов одлука дека не сакам реванш со Пакјао, бидејќи тој е лош губитник и голема кукавица. Тој не заслужува реванш, кога губиш, треба да го прифатиш тоа и да продолжиш понатаму. Изговори, изговори и само изговори, тој знае дека заслужено го загуби овој меч. После ова, комплетно ја загуби почитта која ја имаше кај мене, – изјавил Мејведер.