Ана Кокеза од Хрватска беше подобра во од нашата репрезентивка Катерина Николоска во категоријата до 63 килограми во првото коло на Европскиот куп-Дубровник 2015 во Дубровник.
Кокеза победата ја извојува со еден ипон, која се пласира во полуфиналето од деветте натпреварувачки. Таа и овозможи на Николоска борба во репасажот, каде што се сретна со Мартина Греци од Италија. Укажаната шанса за медал не беше искористена од страна на нашата Николоска, загуби со еден ипон.
Во вкупниот пласман Николска е седма.
Втората наша претставничка Берна Шерифовска (-57 кг) се сретна со Русинката Дарија Межецкаја и загуби со еден ипон, а во репасажот се бореше со Италијанката Џулија Цагијано, која беше поодбра, славејќи со еден ипон.
Межецкаја го освои првото место, а Шерифовска е седма. Во оваа категорија за медалите се бореа осум натпреварувачки.
На турнирот имаше 132 натпреварувачи, 88 во машка конкуренција и 44 во женска од 14 земји.
ipon.mk/В.Д.