Наидовме на трејлер за филмот „Џиу џицу/ Jiu Jitsu“ – кој иако нема никаква врска со вистинските боречки вештини, се чини дека е забавно да се гледа.
Филмот е фикција / акција и е на грчко-американскиот режисер Димитри Логотетис, кој е и режисер на Кикбоксер: Одмазда од 2018 година.
Филмот во основа е мешавина помеѓу „Предаторот“ и Мортал комбат.
Античка група борци од џиу џицу се среќава вонземјани напаѓачи во форма на борец по име Бракс, со кого треба да се соочат за да го спасат светот.
Меѓу главните улоги се познати имиња како Николас Кејџ, Алан Мозес, Френк Грило, Рик Јун, Жужу Чан и Тони Џа.
Искрено, трејелрот изгледа апсурдно, ако гледаме од страната на џиу џицу – тоа е дека не видовме ништо заедничко, но очигледно името на оваа боречка вештина е веќе прилично искомерцијализирано и го користат за насловот на филмот.