Поранешниот светски шампион, Николај Валуев, го обвини Владимир Кличко настапот на мечот за титулата со Тајсон Фјури. Русинот изјави дека не видел никаква желба за победа од страна на Кличко и претскажа суштински промени во неговата борба во реваншот.
„Средбата не беше ништо посебно. Поинтересно ќе биде во реваншот догодина. Не можам да кажам кој е фаворит, бидејќи не го видов вистинскиот Кличко. Тој, едноставно немаше желба за победа. За Фјури ќе кажам дека не треба да го сметаат за кловн. Тој има уште што да покаже“, истакна Валуев.
На крајот на ноември рускиот промотор Владимир Хрјунов прв изави дека мечот Кличко – Фјури е договорен (наместен) и тоа го поддржа со неочекувано големи облози на висок коефициент во корист на Британецот.