Кикбоксерите на Гладијатор од Штип освоија две бронзи на Меѓународниот кик бокс турнир „ВАКО Гран при БиХ“ во Сараево. Бронзите ги освоија Никола Нацев и Антонио Петров.
„Никола Нацев во лајт контак загуби, а во кик лајт победи противник од Босна и Херцеговина, додека во вториот настап беше поразен од кикбоксер од Црна Гора и така го освои бронзениот медал. И Антонио Петров освои бронзен медал“, вели тренерот Шенол Асанов.
Ipon.mk