„Никола Грдановски – Нике“ по 37 пат во Автокоманда

Утре во Скопје се одржува Меѓународниот карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ по 37 пат во салата во Автокоманда во организација на КК Металург.

Минатата година најуспешен клуб беше Урбан инвест со 34 медали – 19 златни, 6 сребрени и 9 бронзени, а потоа следеа Фунакоши Гичин со 21 (10-8-3), Металург со 20 (10-7-3), Заншин до со 19 (5-3-11), Штип 9 (5-3-1), Бијела Царине од Црна Гора 6 (4-2-0) итн.

И годинава се очекуваат квалитетни борби и демонстрации на кати.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON