Никола Бубевски од битолски Енерџи го совлада Хравтот Петар Топиќ на Европскиот куп „Карловац опен 2020“ во Хрватска и го освои златниот медал.
Бубевски славеше на поени. Вчера го совлада Филип Оцвирек, исто така од Хрватска.
За злтани медали денеска се борат Петар Велковски, Марко Тодоров и Викторија Варадинова, а Миа Тодорова вчера освои бронза.
На Европски куп „Карловац опен 2020“ учествуваат 2240 натпреварувачи од 40 земји, а од нашата земја настапуваат шест клуба: Шампион Скопје, Енерџи Битола, Тим Зоран Струмица, Гладијатор Неготино, Работнички Адора и Тетово.
Резултати
-86 кг сениори
Никола Бубевски (Енерџи) – Филип Оцвирек (Хравтска) 3-0
Финале
Никола Бубевски (Енерџи) – Петар Топиќ (Хрватска) 2-1
Ipon.mk