Ник Дијаз тврди дека се променил и нема да го навредува Лоулер како пред 17 години (ВИДЕО)

Се враќа една од симболичните фигури на УФЦ и поранешен светски шампион на „Страјкфорс“-Ник Дијаз (26-9-2). Миленикот на публиката ќе го има првиот меч во октагонот по речиси 7-годишна пауза, овој викенд ќе се соочи со Роби Лоулер (28-15-1) на УФЦ 266.

Тие повторно ќе се сретнат во кафезот откако во далечната 2004 година Дијаз победи со нокаут во втората рунда. 38-годишниот ветеран последен пат се бореше во јануари 2015 година кога загуби од Андерсон Силва, но резултатот беше поништен поради позитивните тестови за забранети супстанции и на двајцата. За 39-годишниот Лоулер ова ќе биде прв меч од август 2020 година, кога загуби на поени од Нил Мани.

Неколку дена пред долгоочекуваното враќање, Ник изненадувачки објави дека нема намера да го опсипува својот противник со валкани говор. Наместо тоа, вети дека ќе биде љубезен и ќе ја покаже неопходната почит кон Лоулер пред нивниот судир во полусредна категорија.

„Нема да излезам и да го навредувам, ќе пријдам како спортист. Не сум добар со зборови. Не сакам да го доживеам целиот овој стрес за да ги кажам вистинските работи. Само ќе излезам и ќе се борам. Зборувањето глупости ме истроши пред некое време и не сакам да се вратам на тоа“, изјави Ник Дијаз.

Битката со Лоулер ќе биде загревање за две одбрани на светската титула. Во првиот меч Валентин Шевченко ќе го брани појасот во лесна категорија против Лорен Марфи, а во борбата на вечерта шампионот во перо категорија Александар Волкановски ќе се соочи со Брајан Ортега.

https://www.youtube.com/watch?v=TkujsUAU1rk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON