Ник Дијаз сака да се бори со Израел Адесања или Алекс Переира

Американскиот ММА борец Ник Дијаз сака да се врати на борбите оваа година. Првиот голем камбек го имаше во септември 2021 година кога по пауза од повеќе од шест ипол години влезе во арената против Роби Лоулер и загуби со прекин на почетокот на третата рунда.

На тој меч можеше да се види дека Ник е далеку од своите најдобри денови. И претседателот на УФЦ Дана Вајт изјави дека Дијаз повеќе не треба да настапува, а многумина се согласуваат со тоа.

Но, американскиот борец во последното интервју истакна дека сака меч, па дури и откри со кого сака да се бори.

„Сакам да се борам што е можно побрзо, но не со Џон Џонс, туку против некој како Израел Адесања или Алекс Переира. Секогаш сакам да се борам со најдобрите. Јас сум најголемиот“, нагласи Ник Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON