Дрим беше дел од интернационалниот џудо камп во Србија од проектот „Џудо за сите“

Џудо клубот Дрим од Струга од 9 до 14 февруари беше дел зимскиот интеранционален и инклузивен џудо камп беше во Равни гај кај Крагуевац, Србија, во Равни гај, во рамките на проектот „Џудо за сите” (Judo4All) кој е поддржан од Европска Унија.

Инаку кампот се одржа во организација на еден од партнерите на Дрим, ЏК Макикоми од Белград, а учествуваа земјите партнери во проектот – Македонија, Романија и Србија. Како носители на проектот Џудо клуб Дрим  Струга, заедно со партнерот Порака нова, ЏК Макикоми и ЏК Мехединти учествуваа со  нивните тимови (14 учесници, од кои 3 лица со интелектуална попреченост).

Повеќе од 40 учесници присуствуваа, а програмата беше поделена на два дела, регуларни џудо тренинзи и инклузивни џудо работилници. Џудо тренинзите беа водени од искусните џудо тренери од Македонија, Србија и Романија. Иклузивните џудо работилници беа предводени од Порака нова, следејќи специјална програма со интрактивни сесии фокусирани на развивање на свеста за инклузија  во спортот и како би била достапна за сите преку креирање на инклузивни техники. Според тоа, последниот ден тренерите на работилниците, џудо тренерите и учесниците креираа адаптирани џудо техники кој покасно ќе бидат снимени во прирачник која ќе се промовира инклузијата и да се користи како водич за сите џудо клубови кои ќе сакаат да вклучат лица со попреченост на нивните тренинзи во иднина.

Инклузијата и инклузијата во спортот не е само за да ги научи лицата со попреченост да спортуваат, туку да работат подеднакво со нив“, истакнуваат од Дрим.

Следниот настан во рамките на овој проект ќе се одржи налето во Струга, инклузивен џудо натпревар организиран од ЏК Дрим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО