Ник Дијаз против Висенте Луке во Абу Даби во август

Ник Дијаз се враќа во кафезот на УФЦ за да се соочи со Висенте Луке. Тие ќе се пресметаат во борба во полусредна категорија. Нивната средба е втора по значење на на настанот УФЦ на АБЦ 7 кој ќе се одржи во Абу Даби на 3 август. Веста за борбата ја сподели Дана Вајт на социјалните мрежи.

Дијаз има 40 години и има скор од 26-10-2 во ММА. Тој е во серија од 3 порази и нема победа од 2011 година. Во септември 2021 година Ник се врати во ММА по 6-годишно отсуство. Тогаш се бореше со Роби Лоулер и загуби со нокаут во 3. рунда. Ник заврши 21 од своите натпревари и 3 пати беше нокаутиран. Тој нема пораз со завршница.

Луке има 32 години со скор 22-10-1 во ММА. Во последната борба загуби од Хоакин Бакли на крајот на март годинава. Висенте победи само на 1 од неговите последни 4 УФЦ борби. Победил 19 пати со завршница, а 4 пати така загуби. Бразилскиот борец е тврд и дефинитивно ќе му пружи тешка борба на Дијаз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC News Alerts (@ufcnewsalerts)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON