Ник Дијаз ќе се бори до крајот на 2022 година, изјави неговиот тренер.
Сезар Грејси, главен тренер на Сезар Грејси БЏЏ и личен тренер на браќата Дијаз, изјави дека Ник ќе се бори оваа година. Веста е доста изненадувачка, бидејќи се очекуваше тој да се повлече по поразот од Роби Лоулер минатата година.
Ник се врати во октагонот во септември на УФЦ 266 во средна категорија со реваншот против Роби Лоулер. На почетокот изгледаше добро, но Лолер победи со ТКО во третата рунда.
По битката Дана Вајт изјави дека е импресиониран од тоа што го покажал Дијаз, но посакува повеќе да не го види во кафезот и ветеранот да се пензионира.
Сите мислеа дека Дијаз е готов, но се чини дека повторно ќе го видиме во октагонот. Сепак, се уште не е јасно против кого и кога точно.