И покрај сите гласини и дрскоста на Дана Вајт, Ник Дијаз тврди дека нема да се бори со никого.
Да потсетиме дека минатиот месец претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека Ник Дијаз се враќа на УФЦ 235 и дека ќе се бори со Хорхе Масвидал. Тоа беше добра вест за навивачите, бидејќи Ник Дијаз не се борел речиси четири години. Последната борба на Дијаз беше во 2015 година кога загуби од Андерсон Силва, но исходот на битката беше променет во „не одлучена“, затоа што двајцата паднаа на допинг тестот.
„Ако некој сака да се бори со мене, нека дојде и нека ме најде. Не е тешко да ме најде. Во мојот живот се случуваа многу работи и моментално се занимавам со неколку бизниси. Кога работите ќе добијат смисла за сите и ми понудат борец кој го почитуваат, а и јас го почитувам, тогаш ќе зборуваме и ќе правиме шоу.
Кога ќе си ги средам работите и предлогот им е добар, тоа ќе им го дадам на навивачите, кои го сакаат. Нема да има борба со мене додека некој досотоен не застане наспроти мене. Ќе се борам, ако може да бидат поразумни. Тие се оние кои ги попречуваат работите. Ќе поминам преку Вудли. Тој го знае и нема потреба да му го кажувам“, вели Дијаз.
https://twitter.com/liveufcstream/status/1074519065639583744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fnick-diaz-otkaza-bitkata-s-jorge-masvidal-i-se-zakani-che-shte-mine-prez-tyron-woodley
.