Поранешниот шампион на Британија во средна категорија, Ник Блеквел, останува во кома. Тој колабираше во саботата навечер, откако беше нокаутиран од Крис Јубенк – Јуниор, при што и ја загуби титулата. Веднаш по мечот боксерот беше пренесен во болница. Докторите открија мозочно крварење и го поставија на вештачка кома.
Се уште нема јасни информации какви се последиците за Блеквел. Од неговото семејство ги повикаат медиумите за коректност.
Во меѓувреме колегите на боксерот почнаа акција за собирање средства за лекувањето и заздравувањето на него. Целта е да бидат собрани 10.000 фунти. 72 часа по инцидентот веќе се собрани 2.100 фунти.
Состојбата на Блеквел ги натера неврохирурзи на Островот да повикаат за посериозни мерки кои гарантираат безбедност на боксерите. Дел од навивачите ја префрлија одговорноста врз судијата Виктор Лоуглин. Искусниот арбитар не го прекина навреме натпреварот, иако Блеквел прими многу удари во текот на целиот меч.