Нгану со инспиративна објава на социјалните мрежи (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану има нова објава на социјалните мрежи.

Објави слика од пред 10 години и сега. Притоа напиша: „Многу може да се случи за 10 години. Не скршнувајте од патот“.

На 16 мај беше објавено дека Нгану потпишал договор со ПФЛ. Според условите на овој договор, на Френсис му е дозволено да учествува во боксерски натпревари.

Во однос на настапот во ПФЛ, се очекува Френсис да ја има првата борба како дел од промоцијата околу средината на следната година. Камерунецот ќе се натпреварува во Супер фајт дивизијата каде условите се поповолни.

Пред тоа се очекува да се соочи со боксерот Дионтеј Вајлдер според правилата на ММА. Не е исклучено двајцата да организираат и боксерски меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО