Нгану: Направив грешка и го потценив Стипе, вечерва научив повеќе отколку во последните 4 години

Видно разочаран од исходот на својата борба против шампионот Стипе Миоќиќ, Френсис Нгану на прес-конференција се осврна на мечот за титулата во тешка категорија која го предводеше настанот ма УФЦ 220 во Бостон.

Предаторот по пет рунди доминација на Миочиќ ја изгубил борбата со едногласна одлука на судиите. Тоа беше првиот пораз за Камерунецот во УФЦ кој со импресивни настапи навистина набрзина се искачи речиси до врвот во тешка категорија. Но синоќешната борба, наместо во големо славење, се претвори во голема лекција за Нгану.

„Научив дека не треба да го потценувам противникот и открив нов дел од овој спорт. Вечрва научив многу работи“, рече Нангау на прес-конференцијата во Бостон.

„Проблемот не беше вво симнувањето на килажата. Морав да загубам околу два килограми што ги направив во еден ден. Проблемот беше што го потценив противникот и жестоко тргнав во првата рунда. (Стипе) беше поцврст отколку што очекував. Пружи отпор и имаше подобра тактика од мене“.

Нгану за порази не обвинува никого освен себе и неговото неискуство и признава дека малку се „залетал“  на почетокот на мечот, а подоцна му снемуваше кондиција, а во завршницата е евентуалната прилика да се обиде да обезбеди победа.

„Гледајќи наназад, првите две рунди би тргнал полесно. Би бил повоздржан и би ја чувал енергијата. Би внимавал на неговото големо кроше и полека би се движел напред. Мислев дека ќе падне во првите две рунде, но беше премногу цврст. Го допрев и мислев дека ќе падне, но не“.

Миочиќ со паметна тактика го измори Камерунецот и така му го одзеде неговото најголемо оружје. Но, Нгану тврди дека не се предал до последната секунда.

„Беше тешко, особено по втората рунда. Но, во мојата глава никогаш не се откажав. Можеби ја изгубив оваа борба, но дадов се од себе… Бев исцрпен. Уморен. Но, менатлно бев во борбата и дадов се од себе“.

Со оглед на големата лекција што ја науив синоќа, Нагну планира да се врати подобар од кога било.

„Јас сум во овој спорт замо четири години и знам дека уште да учам и напредувам. Ова што се случи вечерва беше последниот чекор и поука што требаше да ги научам во овој спорт. Ова беше мојата прва борба во пет рунди. Не знаев како да се справам со тоа и направив грешка … Научив повеќе во оваа борба отколку во последните четири години“.

Прерано е да се каже кога Нгану ќе се врати во акција, но Предатор рече дека е подготвен да се бори „со кого било“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО