Френсис Нгану (15-3, 10-2 УФЦ) ја запре победничката низа на Жаирзињо Розенструик (10-1, 4-1 УФЦ).
Во меч кој ќе го даде најверојатниот следениот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Камерунецот го нокаутира Суринамецот за само 19 секунди.
Откако го замавна со десен свинг, „Предаторот“ го принуди Розенстројк на повлекување, а потоа го рушеше со моќно лево кроше и го заврши со неколку удари до жицата.
Се очекува да се бори со победникот од третиот меч меѓу шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, од кого го загуби првата средба со судиска одлука, и Даниел Кормиер.
Откако ја загуби првата рунда од Калвин Катар (21-4, 5-2 УФЦ) со десниот лакт во втората соборуваше и со удри во пратер го заврши Џереми Стивенс (28-18, 15-17), нанесувајќи му го рекордниот 17-ти пораз во УФЦ .
32-годишниот Американец на тој начин успешно се врати по поразот со судиска одлука од Забит Магомедшарипов, додека една година постариот Стефенс, кој беше претежок на мерењето, го доживеа четвртиот последователен пораз.
https://www.youtube.com/watch?v=8dWaNIvDUNs&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=I5covNiGVd8&feature=emb_logo