Нгану ќе биде во аголот на Камару Усман во борбата против Масвидал

Камару Усман беше дел од тимот на Нгану кога камерунскиот удирач ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ минатиот месец во судир против Стипе Миочиќ. Френсис сега ќе му ја врати услугата на неговиот пријател шампион. Имено, Нагану ќе биде во аголот на Камару Усман (18-1) на 24 април на УФЦ 261 кога ќе ја брани титулата во велтер категорија против Хорхе Масвидал (35-14).

Американскиот борец има шанса да му возврати на Нигериецот за минатогодишниот пораз во јули кога загуби со едногласна одлука на судиите. Хорхе ја прифати борбата една недела пред настанот, без вистински подготовки во тренинг кампот.

Усман и Нгану станаа блиски пријатели во последните неколку години. Камару рече дека неговиот брат Мухамед не може да биде со него како и обично, бидејќи мора да се подготви за неговото деби во ПФЛ, а ттреба да биде во изолација.

„Кој би можел да биде подобра замена од шампионот во тешка категорија Френсис Нгану“, рече Камару Усман.

Нигериецот рече дека приказната на Френсис го инспирира. Нагану го напушти Камерун пред помалку од десет години и замина во Франциа, а заврши во затвор во Шпанија. Подоцна тој беше бездомник некое време.

„Му реков дека тоа ме мотивира и секогаш сакам да бидам близу до него“, додаде Камару Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON