Нгану: Јас сум човек кој ќе ја прекине славата на Гане

Френсис Нгану е убеден дека тој ќе биде човекот кој ќе го победи Сирил Гане и ќе го запре неговиот славен подем.

Нгану ќе ја брани титулата во тешка категорија на главниот настан на УФЦ 270 против привремениот шампион Гане. Битката ќе биде интересна бидејќи двајцата се поранешни соборци кои направија доста тешки спаринг мечеви еден против друг.

И Гане во оваа битка влегува непоразен, но Нгану верува дека славата на Гане е вештачки надуена и тоа ќе го докаже на 22 јануари.

„Добар е и ќе се подобри. Талентиран е, тоа е сигурно, затоа е на позицијата на која е“, изјави Нгану на својот канал на Јутјуб и додаде: „Но, сега сум најдобар и ќе бидам човекот што ќе ја намали славата на Гане, едвај го чекам овој меч бидејќи сите зборуваат за тоа“.

Гане доаѓа по победата со ТКО над Дерик Луис, со која стана привремен шампион. Нгану последен пат го нокаутираше Стипе Миочиќ во март.

Иако Нгану е убеден дека ќе победи, тој вели дека е бесен што на интернет протекоа снимки од нивниот спаринг.

„Тоа е со цел да изгледам лошо и тој да изгледа добро. Да докажам дека „тој е мажот“. Ме навредува, но тие ги контролираат умовите на луѓето. Им кажуваат што да мислат. Толку многу. Дали е лесно да се манипулира со луѓето? Но, на крајот и двајцата знаеме како навистина стојат работите со него. Сите навистина знаат…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON