Неприкосновениот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану вели дека е во форма во сепарациите за песок во Камерун. 35-годишниот нокаутер се подготвува да ја брани титулата против Сирил Гане, кој е привремен шампион.
Двајцата се упатуваат на УФЦ 270 што ќе се одржи на 22 јануари во Калифорнија. Нгану имал тешко детство и на 10-годишна возраст почнал да работи во рудниците за песок за да преживее со семејството.
Пеш го напушти Камерун и стигна до Париз, каде спиеше на улица. За негова среќа, Фернанд Лопез го нашол и му дал преноќиште, храна и бесплатен тренинг. Лопез одигра клучна улога во растот на Нгану.
За жал, се разделија и почнаа да зборуваат еден против друг. На својот профил на социјалните мрежи Нгану се потсети на Камерун и изјави:
„За да останам во форма додека сум дома, правам многу активности. Работата во рудници за песок е една од моите омилени работи, бидејќи ми враќа многу спомени“.