Поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану во март го имаше вториот боксерски меч во кариерата, по тесниот пораз од Тајсон Фјури, повторно загуби, но овојпат многу поубедливо.
Камерунскиот удирач беше поразен од поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа со нокаут во втората рунда на настанот во Ријад.
Во гостувањето во шоуто на Џо Роган Нгану ги критикуваше промотерите на боксот што ну дадоа на Британецот неправедна предност во нивната борба.
Имено, спомена дека премногу се чекало за медиумските обврски кои морале да се направат надвор од предвидениот термин, што дополнително го одложило почетокот на мечот против Џошуа.
Тој посочува дека со денови се подготвувал за борбата која била закажана за еден часот по полноќ, а мечот почнал многу подоцна – во 3 часот и 30 минути.
Нгану признава дека се чувствувал уморен уште пред да влезе во боксерскиот ринг, а вината за доцнењето ја префрла на Мечрум и Квинсвери прмоцијата, кои биле одговорни за програмата на настанот.
„Нема да кажам дека Ентони Џошуа не можеше да ме победи. Ако има некој од кого можете да изгубите, тоа е тој, Џошуа е еден од најдобрите боксери во светот. Тој само си ја вршеше работата, а не праќаше масовни мејлови и го организираше настанот. Не го обвинувам за ништо. Но, организацијата, тие направија многу работи кои не беа фер“, рече Френсис Нгану и продолжи:
„Неговиот тим беше дел од организацијата, бидејќи тоа беа Квинсбери и Мечрум, кој го претставува, добив мејл од нив. Тоа беа луѓето кои го испратија распоредот. Секој ден испраќаат сè, време за преземање, програма, распоред“…
Камерунецот нема намера да бокира некое време, но најави враќање во ММА и деби во ПФЛ.
„Мојата камбек борба ќе се одржи до крајот на годината, а противник најверојатно ќе ми биде Ренан Фереира, борбата требаше да се одржи во Саудиска Арабија, а ми се чини дека настанот го договараат за 19 октомври“, изјави Френсис Нгану, кој моментално ја извршува функцијата претседател на ПФЛ Африка, што му овозможува да има кариера надвор од октагонот.