Миочиќ важеше и веројатно уште некое време ќе важи за најдобриот борец во тешка категорија, кој некогаш влегол во октагонот, но Нгану стави крај на неговото владеење на спектакуларен начин. Го нокаутира рано во втората рунда, праќајќи го прво во нокдаун, потоа откако се крена го онесвести, во двата случаја со лево кроше.
https://twitter.com/GiosBurner/status/1376027232976703490?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1376027232976703490%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fsvetot-ima-nov-gospodar-nganu-spektakularno-go-nokautira-miochikj-i-stana
Нгану беше подобар и на работ да ја заврши борбата уште во првата рунда, кога исто така го имаше Миочиќ во нокдаун, покажувајќи дека созреал енормно, во споредба со нивната прва борба. Миочиќ и Нгану првпат се бореа во јануари 2018 година, меѓутоа тогаш техниката на хрватскиот Американец ја победи нерафинираната сила на Камерунецот.
Во вториот обид тој го детронизира Миочиќ и тоа со десеттиот нокаут или технички нокаут во УФЦ-кариерата, што го става на второ место меѓу активните борци, зад Дерек Луис со 12. Миочиќ остана на шест победи во борбите за титула и ќе ја чека својата шанса можеби во некое друго време, ако таа воопшто дојде, имајќи предвид дека уште сега се планира следната борба за Нгану.
Таа би требало да биде против Џон Џонс, за многумина најдобриот борец во УФЦ на сите времиња, долгогодишниот шампион во полутешка категорија, кој сега се качи во најтешката. Дотогаш Нгану ќе биде со скор 16-3 во кариерата, при што сите 16 победи му се со завршница. Стипе Миочиќ го претрпе четвртиот пораз во 24 борби.
На УФЦ-260, во Лас Вегас, атрактивна беше и коглавната борба, меѓу седмиот и десеттиот предизвикувач во велтер категорија (77кг), Бразилецот Висенте Луке и Американецот Тајрон Вудли. Луке ја заврши борбата уште во првата рунда, праќајќи го Вудли прво во нокдаун, а потоа принудувајќи го да се предаде со т.н.н „дарс“ зафат. Ова беше четврти пораз едноподруго за Вудли, кој три години важеше за шампион во оваа категорија.
Резултати – УФЦ 260:
Стипе Миочиќ – Франсис Нагану КО Р2
Висенте Луке 0 Тајрон Вудли Зав. (Д’арс гушење), Р1 3:54
Шон О’Мели – Томас Алмеида КО, Р3 3:52
Миранда Маверик – Џилијан Робертсон едногласна одлука
Jamејми Муларки – Хама Ворти КО, Р1 0:46
Воведни борби:
Алонзо Менифилд – Фабио Черант Зав. (гушење на фон влуе) Р1 1:11
Абубакар Нурмагомедов – Џеред Гуден едногласна одлука
Михал Алексјечук – Модестас Букаускас поделена одлука
Омар Моралес – Шејн Јанг едногласна одлука
Марк-Андре Бариоф – Абу Азајтар ТКО, Р3, 4:56