Потребен беше само еден добар настап против Тајсон Фјури за Френсис Нгану да се почувствува дека е на врвот на светот.
Целата негова професионална кариера се вртеше околу ММА борбите, каде што стана шампион на УФЦ. Само на 37 години се пресели во боксерскиот ринг и директно го предизвика Тајсон Фјури. Нгану беше дебитант и не му даваа големи шанси, но сепак добро се снајде и го испрати Фјури на подот.
Френсис на крајот загуби со одлука, но ги освои навивачите. Френсис овој пораз го смета за победа и со него преминува на следниот противник – Ентони Џошуа. Тие ќе се борат следната недела во Ријад, Саудиска Арабија. „Предаторот“ верува дека тој е за голема борба за пари и планира да се соочи со Дионтеј Вајлдер.
„Во последните неколку години кога гледам бокс, луѓето не зборуваа за никој друг во тешка категорија освен Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер. Овие три имиња отсекогаш се рангирале на апсолутниот врв, поради што си поставив цел да се соочам со нив како шампион на УФЦ.
На дуелот со Фјури покажав дека и ММА борец може да влезе меѓу јажињата и да доминира таму. Во борбата со Џошуа имам намера да го потврдам тоа, а Вајлдер ќе биде само шлаг на тортата. Сакам да знае дека не сум завршил со бокс, туку само се загревам.
Имам скриен талент во себе кој дури сега излегува на површина. Најдобро ќе биде Вајлдер да почне да тренира за да се врати во форма, бидејќи тој ќе биде следен во редот по Џошуа. Мојот настап против Фјури им го избистри умот на сите. Сега треба да се пресметаат со мене.
Затоа сите ми се јавуваа по мечот. Бркав пари. Сакав да го заработам она што со право го заслужив. Сега сите ме предизвикуваат бидејќи јас сум тој што ги заработува парите и им ги гарантира на другите“, изјави Нгану за БТ спорт.