Фрeнсис Нгану, број еден предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, покажа завидна физичка форма. Камерунецот, кој се стреми кон појасот најтешки, тренира неуморно да го достигне врвот.
„Кога сакате да успеете колку што можете да дишете, тогаш ќе успеете“, напиша Предаторот на својот Инстаграм профил, додавајќи фотографија од неговиот тренинг.
Во последениот меч во октагонот, Нгану ја запиша 10-тата победа во УФЦ, нокаутирајќи го Жирзињо Розенструик на настанот УФЦ 249 на 9 мај. Предаторот тогаш рече дека ќе ја освои титулата во тешка категорија следниот пат кога ќе влезе во октагонот.
Долго чекаше да го добие мечот за титулата против шампионот Стипе Миочиќ.
Тие имаа меѓусебен судир кој заврши со победа на актуелниот шампион со едногласна одлука во 2018. Веднаш потоа „Предаторот“ загуби од Дерик Луис, но следните четири последователни победии со нокаут му дадоа нова шанса за титулата.
Неодамна, претседателката на УФЦ, Дана Вајт, рече дека работи на вториот меч меѓу Миочиќ и Нгану, а средбата треба да се случи во март или април.