Нгану: Чувствувам дека не ме почитуваат во УФЦ. Веќе не знам дали сум првак или не

Борецот во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, тешко ја прифати одлуката на промоцијата што ја организираше борбата за привремениот појас.

Сирил Гане неодамна го победи Дерик Луис и ја освои привремената титула и доби можност да се бори со камерунскиот удирач.

Нгану беше подготвен да го брани појасот во септември, но тоа сега отпаѓа. Борбата меѓу Френсис и Сирил може да се организира подоцна оваа година. Овој развој на настаните не му се допадна на шампионот.

„Кога сте долго во спортот гледаш се и сешто, а потоа сфаќш дека сето тоа е голема игра. Таа работа воопшто не е лесна или убава“, вели Френсис Нгану и додава:

„Се чувствувам како да не сум почитуван во УФЦ. Неколку месеци откако ја освоив титулата, тие зборуваат за некој друг светски шампион. Не знам повеќе дали сум шампион или не, малку е збунувачки“.

Но, Камерунецот сега мора да се сврти кон Сирил Гане, со кого порано беше во ист тим, а беше негов соборец. Сегашниот тренер на Гане, Фернандо Лопез, го тренираше Френсис.

„Фернанд сака да биде славен и тоа е неговиот голем проблем. Не можам да избројам колку пати сме дискутирале за што е целото внимание на мене. Секогаш тешко го прифаќаше тоа“, истакна Френсис Нгану и подвлече:

„Тренерот има своја работа и затоа е платен. Па, не може да заработи исто како борецот. Отсекогаш било така. Тој спореди колку следбеници имаме на Инстаграм. Му реков дека не ми е важно, па понудив да му пренесам некои. Еве, тоа беше нашиот проблем цело време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON