Две и пол години по Загреб, Френсис Нагну (14-3, 7-2 УФЦ) и Кертис Блајдес (10-2-1НЦ, 5-2-1 УФЦ) повторно се најдоа во кафезот во главната борба на УФЦ во Пекинг.
По два последователни порази, од Стипе Миочиќ и Дерик Луис, Нагну многу брзо дојде до победа нокаутирајќи го Американецот за само 45 секунди.
NGANNOU IS BACK BABY!!! #UFCBeijing pic.twitter.com/Jfv9cFyaML
— Joshua Chovan (@thechovanone) November 24, 2018
32-годишниот Камерунец го погоди Блајдес со десницата зад увото и го здрма и со канонада од удари го принуди судијата на прекин. Американецот жалеше дека борбата била прерано прекината.
Wow!!! @Francis_Ngannou puts Curtis Blaydes away early at #UFCBeijing!! pic.twitter.com/VfndLlSXzA
— UFC Europe (@UFCEurope) November 24, 2018
Блејдес влезе во натпреварот со низа од 6 мечеви без пораз, а единствениот претходен пораз го доживеа во првиот меч со Нгану. Борбата во Загреб беше прекината по интервенција на лекарот по втората рунда.
Lessons learned.
Most importantly, FRANCIS NGANNOU IS BACK! #UFCBeijing pic.twitter.com/M0G4AyhkAf
— UFC (@ufc) November 24, 2018
УФЦ Пекинг:
Френсис Нгану – Кертис Блајдес (ТКО, Р1)
Алистер Оверем – Сергеј Павлович (ТКО, Р1)
Јдонг Сонг – Винсен Моралес (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Ли Јинглианг – Дејвид Завада (ТКО, Р3)
Алекс Мороно – Кенан Сонг (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Ву Јанан – Лорен Милер (сабмишн, армбар, Р1)
Рашад Култер – Ху Јаозонг (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Веили Жанг – Џесика Агилар (сабмишн, армбар, Р1)
Пингјуан Лиу – Мартин Деј (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Јан Џиаонан – Сиури Кондо (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Кевин Холанд – Џон Филипс (сабмишн, давење од позади, Р3)
Луј Смолка – Су Мудареџиi (сабмишн, армбар, Р2)
.