Со позитивниот допинг-тест на Дош Сантас, Френсис Нгану остана без противник на УФЦ 215.
Додека УФЦ му бара замена, 30-годишниот Французин исто така има некого на ум.
„Алистер Овереем секаде го спомнува моето име, сега сум слободен за тебе. Да го сториме тоа“, напиша Предаторот на социјалнаите мрежи.
Три недели останаа до настанот во канадскиот Едмонтон, а сé уште не е познато дали Холанѓанецот би прифатил ваква борба за кратко време.
Оверем на почетокот на јули со мнозинска одулка на судиите го победи Фабрицио Вердум во ниванта трета пресметка.
30-годишниот Нгану е во низа од девет победи. Скорот му е 10-1, а во УФЦ е 5-0. Во последната битка во јануари во првата рунда го нокаутира поранешниот шампион на УФЦ Андреја Арловски.