НЕВЕРОЈАТНО-Таткото на Нурмагомедов: Зошто го терав Хабиб како дете да се бори со мечки (ВИДЕО)

nurmagomedov-međed

Пред 17 години Хабиб Нурмагомедов се спријателил со едно младо мече кое му служело како спаринг партнер во борење. Хабиб дури и не знае за „тајното видео“, кое беше обелоденето на јавноста кога на Дагестанецот ја започна својата досега непрекината победничка низа. Во интервју за ToFight.ru таткото на Хабиб и тренер, Абдулманап, објаснува зошто го терал неговиот деветгодишен син да се бори со мечки.

 Кога видеото ја виде светлината на денот, шокираше поголем дел од ММА публиката, но од друга страна и многумина ги импресионира. Нетеипичен начин на тренирање очигледно ги даде резултатите, бидејќи Нурмагомедов до денес е непоразен со импресивен резултат од 22-0.

 „Како прво, детето секогаш сака да му покаже на својот татко што може неговиот син“, започна Абдулманап и продолжи:

 „Жал ми е што не имаше уште интересни предизвици додека беше млад. Ова повеќе беше тест на карактерот, отколку од тест на силата“.

 Животот не го галел таткото на Хабиб, ја преживеал војната, прогонство и сите видови на катастрофи. Тешкиот живот не го спречи цела екипа на елитни дагестански борци како Хабиб Нурмагомедов, Ислам Мхачев и Абубакар Нурмагомедов. Во продолжение погледнете ја снимката од борбата на детето и мечката.

https://youtu.be/JZvCgSmV9JA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON