Многу украински спортисти се вклучија во одбраната на својата татковина од руската агресија. Еден од нив кој активно учествуваше во воениот рок е ММА борецот Јарослав Амосов.
Најдобриот украински ММА борец е шампионот на Белатор во полусредна категорија, кој требаше да се бори со Мајкл Пејџ на настан во Лондон на 13 мај.
Непоразениот Амосов има 26 победи во кариерата од кои седум во Белатор.
Тој ги победи Даглас Лима, Логан Сторли, Ед Рут, Ерик Силва, Џералд Харис…
Украинецот имаше одлична кариера во самбо каде што беше четирикратен светски шампион.
Во 2016 година Амосов се бореше против Роберт Солдиќ и победи со поделена одлука на судиите.
Потоа го освои појасот на КРЕП ФЦ во полусредна категорија кој го бранеше двапати.
На социјалните мрежи се појави видео на кое појасот е спасен од бомбардирање и чуван недопрен.
Претседателот на Белатор ја сподели сцената и напиша „Занемев – Амосов е воин“.
„Појас со многу историја, нема да го дадам. Мајка ми го криеше поради бомбардирањето“, рече Амосов.
I’m speechless – @YaroslavAmosov is a warrior pic.twitter.com/JaSs3ERIiM
— Scott Coker (@ScottCoker) April 1, 2022