Непоразениот Џозеф Паркер (18-0, 16 КО) продолжува да го отвора патот во тешка категорија.
Новозеланѓанецот (24 г.) ја отвори годината во Самоа со нокаут во 8 рунда против 31-годишниот американскиот левак Џејсон Бергман (25-12-2, 16 КО).
Непоразената надеж во тешка категорија три пати ги нокаутираше противниците пред да заврши мечот. На Паркер ова му беше прв натпревар во Самоа, со која оддаде почит на неговото потекло.
За Бергман ова е трет пораз во кариерата со прекин.
Треба да се напомене дека Паркер е рангиран во најдобрите 15 во сите четири главни федерации. Во ВБО на листата на предизвикувачи е на 3-тото место, но, најверојатно, ќе напредува, со оглед на тоа дека Чарлс Мартин стана светски шампион во ИБФ.
Новозеланѓанецот, кој е висок 193 сантиметри, веќе тренираше со Дионтеј Вајлдер и Владимир Кличко, неговиот тренер Кевин Бери вети по борбата дека неговиот боксер оваа година ќе стане светски шампион.