Непоразениот шампион со одлична објава изрази почит кон Волкановски

Шпанско-грузискиот борец Илија Топурија минатиот викенд го нокаутира Александар Волкановски и го освои шампионскиот појас на УФЦ во перо категорија.

Во својот 14-ти професионален меч и седми настап за УФЦ непоразениот Илија стигна до тронот на најголемата светска ММА организација.

Со одличен настап ги оправда очекувањата на своите фанови, а по фантастичен нокаут сигурно стекна многу повеќе фанови.

Топурија ја прослави победата, но и изрази почит кон противникот Волкановски, што го покажа со објава на Инстаграм.

„Многу луѓе велат дека не можеш да го направиш тоа. Ќе те понижуваат и ќе се сомневаат во тебе. Но запомти, само си ти важен за да ја постигнеш целта. Верувај во себе и работи неуморно, се друго ќе дојде.

Не е важно од каде доаѓаш, туку каде одиш. Она што е пред тебе е многу поважно од она што е зад тебе! Никогаш не се откажувај, стани и бори се!

Волк, ти благодарам. Беше тежок противник, но ме направивте уште подобар. Беше чест да го споделам октагонот со тебе“, напиша Илија Топурија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by El Matador (@iliatopuria)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON