Актуелниот шампион во полутешка категорија ја поздрави можноста за борба против Александар Усик.
За потсетување, Усик стана апсолутен шампион во полутешка категорија пред да се пресели во тешка и да го врати статусот на апсолутен шампион во мај победувајќи го Тајсон Фјури.
Пред неговиот реванш против Фјури на 21 декември 2024 година украинскиот боксерски виртуоз навести дека неговиот следен потег би можел да биде враќање во полутешка категорија, каде што може да го чека непоразениот шампион на ИБФ, Џај Опетаја.
Говорејќи за Стомпинг граунд, Опетаја го пофали настапот на Усик против Фјури.
„Усик е вистински ѕвер, брат. Е***о мало зајче. Човеку, тој едноставно не запира. Тешко е да се победи толку голем борец. Му симнувам капа на Усик, не можеш да го лажираш, неверојатно е, да можеш така да боксираш 12 рунди. Тоа мора да се почитува“.
Австралиецот потоа беше запрашан дали ќе прифати борба со украинскиот гигант и ќе му даде шанса на Усик да испише историја со враќање на титулата во полутешка категорија.
„Ако тоа се случи, а ќе се случи, човече. Секогаш сум отворен за тоа, никогаш не би одбил таква борба. Тоа е борба која би ја прифатила без двоумење, 100%“!’
Опетаја двапати го победи поранешниот противник на Усик, Маирис Бриедис и утре (8 јануари) ќе го брани појасот против исто така непоразениот Давид Никија.