Хабиб Нурмагомедов доби понуда да настапува за фудбалски клуб од Русија.
„Се подготвувам за моето деби во фудбал. Слободен сум и подготвен да прифатам понуди“’, напиша неодамна на Инстаграм Хабиб Нурмагомедов.
Се уште актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ не чекаше долго за понуда. Но, таа не пристигна од неговиот Анжи од Махачкала, туку одј Камаз, третолигаш од Набережни Челни.
„Добредојде, Хабиб!“, Гласи соопштението на рускиот третолигаш што го стави Хабиб во нивниот дрес:
„Ние ви нудиме да дебитирате како фудбалски играч на нашиот клуб. Овде е како во УФЦ, го играме секој меч за да победиме и имаме големи амбиции“.
Хабибу доби покана од Камаз да им се придружи на тренинг кампот за тринеделни подготовки во Новоросијск.
Ова е одличен потег на мал клуб кој направи голема промоција за себе со оваа покана.
„Веќе подготвивме дозвола за тебе, само ни треба датум“, соопшти клубот.
Дагестанецот тренираше со Спартак Москва во Дубаи, а неодамна беа објавени снимки од добротворен натпревар каде играше со холандската легенда и поранешна ѕвезда на Реал и Милан, Кларенс Сидорф.