Непоразениот Хрговиќ: Подготвен сум за Фјури, Усик и Џошуа

Хрватскиот боксер Филип Харговиќ се чувствува сигурен дека ќе се соочи со најсилните боксери во тешка категорија во моментов. Тој е и бронзен олимписки медалист кај најтешките од Олмписките игри во Рио де Жанеиро, Бразил.

„Подготвен сум за сите нив. Тајсон Фјури, Александар Усик и Ентони Џошуа. Тоа се борби кои би сакал да ги имам во 2022 година и би бил повеќе од среќен да се докажам против сите овие борци, но не сум сигурен дали може да се организираат овие борби“, откри хрватскиот боксер во интервју за ДАЗН. .

Филип Харговиќ има биланс од 13 победи на 13 меча во професионалниот ринг. Од нив 11 победи со нокаут. Хрватот годинава му го нанесе првиот пораз во кариерата на Црногорецот Марко Радониќ.

Харговиќ во својот следен меч во рингот требаше да се сретне со Американецот Скот Александер, но тој се повлече и така Хрватот доби нов противник – непоразениот Германец со српско потекло Емир Ахматовиќ (10-0). Мечот ќе го загрее главниот настан меѓу Девин Хени и Џозеф Дијаз на боксерската гала која ќе се одржи на 4 декември во МГМ Гранд во Лас Вегас.

„Ако треба да чекам подолго за овие борби, тогаш има многу други борци во дивизијата со кои би можел да се борам и кои би можеле да ме одведат на позиција да се борам со Тајсон Фјури или Александар Усик. Има голем број борци под врвните момци кои би сакал да ги запознаам, па ако не може да се организираат најголемите битки, тогаш со задоволство ќе се соочам со борците веднаш под нив“, заклучи Хрговиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON