Непоразен Кубанец се закани дека ќе го нокаутира Дионтеј Вајлдер

Непоразениот кубански боксер во тешка категорија Франк Санчез (20-0, 13 КО) ја објави својата желба да се бори со ѕвездата Дионтеј Вајлдер (42-2-1, 41 КО).

Веќе неколку недели Вајдлер најавува дека ќе му се врати на боксот. Тој планираше да се повлече од спортот откако двапати загуби од Тајсон Фјури. „Бронзениот бомбардер“ се предомисли, бидејќи сите сакаа да го видат во рингот. Вајлдер смета дека нема жар во боксот ако нема американски шампион.

Санчез очигледно сака да стане ѕвезда на грбот на Вајлдер и му се закани дека ќе го нокаутира во боксерски меч.

„Го намеривв Дионтеј Вајлдер. Го разбирам овој човек и лесно можам да го победам. Без сомнение ова ќе биде нокаут. Лесна битка. Јас не сум Луис Ортиз“, изјави Санчез за BoxingScene.

Санчез (29) професионално се бори од 2017 година. Најголемата победа ја извојува во септември 2021 година, кога по 10 рунди самоуверено го совлада непоразениот Нигериец Ефе Аџагбу (15-1-0, 12 КО).

Во мај годинава се дозна дека Санчез го напуштил Мексиканецот Еди Рејносо, тренерот на Сол Алварез, и се преминал кај Американецот Џо Гусен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON