Непоразен борец го предизвика Ентони Петис на УФЦ 244

Непоразениот Грегор Гилепси го предизвика поранешниот шампион во лесна категорија Ентони Петис да се борат во ноември на УФЦ 244.

Гилепси сака да се борат во лесна категорија, бидејќи верува дека полусредната тежина не е соодветна за Петис. Во неговата последна борба во јануари оваа година, Грегор го нокаутира Јенси Медеирос во последната секунда од втората рунда, а тоа беше шеста последователна победа за него под закрила на УФЦ, зголемувајќи го скорот на 13-0 во ММА.

Гилепси има пет победи во УФЦ со завршница и сега сака да се испроба против поранешен шампион:

https://www.instagram.com/p/B1t_yDjBt1w/?utm_source=ig_embed

„Во последните 6 борби сите ме притискаа и нервират, затоа што сакаат да предизвикувам некого. Не сакав, но се чини дека ќе почнам да ја играм играта. Сакам да го предизвикам Ентони Петис затоа што е одличен борец, но не е во вистинската категорија за него. Врати се во лесна категорија и ајде да се сретнеме во ноември на УФЦ 244“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON