Шамил Гамзатов е непобеден Дагестанец кој се натпреварува во полутешка категорија и има скор 13-0 во ММА. Тој ќе потпише договор со најголемата ММА организација УФЦ.
28-годишниот Гамзатов е атрактивен борец кој успеа да ги заврши 10 од неговите 13 борби. Победи во 5 со нокаут, 5 со завршница и 3 со одлука на судиите. Во кариерата освоил многу награди, тој е светски и европски шампион во ММА за аматери.
Во последните две борби тој се натпреваруваше во ПФЛ и успеа да забележи две победи над Еди Гордон и Рекс Харис со одлука на судиите. Дефинитивно, станува се поинтересно во полутешка категорија на УФЦ. Сè уште не е јасно кога и каде ќе се бори Шамил, но во блиска иднина ќе се знае.