Ненад Лаловиќ ќе ги моли САД и Јапонија да учествуваат Светското првенство

Претседателот на Обединетото светско за борење ОСБ/ UWW, Ненад Лаловиќ, ќе оствари лични разговори со претставници на САД и Јапонија за да ја преиспитаат нивната одлука да не учествуваат на претстојното Светско првенство.

Светското првенство оваа година треба да се одржи од 12 до 20 декември во Белград, Србија. Конечната одлука дали ќе се одржи треба да биде донесена на 6 ноември.

За тогаш беше закажан состанок на Извршниот комитет на Светската федерација, но сега ќе се одложи на 12 ноември. Ова се случи на инсистирање на Ненад Лаловиќ, кој ќе ја преземе задачата за промена на одлуката на две од најголемите сили во борењето.

Во исто време, Казахстан исто така одби да учествува во СП поради комплицираната ситуација во Европа со пандемијата на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON