Ненад Лаловиќ е првиот член на Извршниот борд на МОК од борењето

Претседателот на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), Ненад Лаловиќ, е избран во Извршниот борд на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како претставник на Асоцијацијата на Летните олимпијади на меѓунардоните федерации (АСОИФ/ASOIF), при што за него гласаа 28 делeгати.

Изборот е потврден на сесијата на МОК во Пјонгчанг во Кореа.

Лаловиќ е првиот член во Извршниот борд на МОК од борењето.

59-годишниот бизнисмен од Балград внесе драмитични промени во најстариот олимписки спорт – борењето. За престседател на ОСБ е избрано во февруари 2013 година, а во август 2015 година станува полноправен член на МОК.

„Извршниот борд има огромна одговорност да му помогне на олимпиското движење”, рече Лаловиќ и додаде: „Сметам дека сум член на одборот и придонесувам за многу мисии и цели. Јас се гордеам што сум  на оваа позиција и ќе ги претставувам сите летни спортови на ИБ и ќе бидам силен адвокат на сите нив“.

Извршниот борд има претседател, заменик и 10 члена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО