Каратистот Ненад Келебиќ го освои првиот медал за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Келебиќ го освои бронзениот медал откако со судиска одлука од 3-2 го совлада Португалецот Жоаким Мендес, бидејќи борбата заврши нерешено 2-2.
Претходно Ненад славеше против Ајуб Закарија од Мароко 9-7 и Бурак Ујгур од Турција 3-0.
Европскиот првак Емил Павлов имаше двојна шанса за медал, но прво во полуфиналето загуби од Мароакенцот Амекнаси со 1-2, а во борбата за бронзениот медал е поразен од Ерај Самдан од Турција, иако на една секунда пред крајот водел со 1-0.
Во последната секунда Турчинот со неверојатно уширо мавашигери прави брејк и го освојува бронзениот медал.
Симона Заборска во неизвесна борба загуби во првиот настап од Турчинката Јакан, а во репасажот загуби и од Италијанката Сара Кардин.
Ангела Мојсовска настапува денеска, а утре на татамито ќе се појават Берат Јакупи и Жарко Арсовски.
Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Оргес Арифи (Косово) 3-1
Емил Павлов – Јохан Лопез (Франција) 1-0
Полуфинале
Емил Павлов – Абдесалам Амекнаси (Мароко) 1-2
За бронза
Емил Павлов – Ерај Самдан (Турција) 1-3
-67 кг
Ненад Келебиќ – Ајуб Закарија (Мароко) 9-7
Ненад Келебиќ – Бурак Ујгур (Турција) 3-0
За бронза
Ненад Келебиќ – Жоаким Мендес (Португалија) 2-2 (3-2 судидско изјаснување)
-55 кг
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 1-2
Репaсаж
Симона Заборска – Сара Кардин (Италија) 0-3
Ipon.mk