Немаат трпение за борбата Џошуа-Фјури

Промоторот на Ентони Џошуа – Еди Херн – им вети на навивачите во Велика Британија дека ќе ја организира следната битка помеѓу Еј Џеј и Тајсон Фјури, за што сонуваа жителите на Островот пред да биде јасен исходот на мечот со Кубрат Пулев.

Џошуа победи со нокаут во деветтата рунда против бугарскиот боксер, а медиумите во Велика Британија не штедеа на времето за да започнат со шпекулации за битката од соништата.

„Честитки за сите навивачи кои се повторно во сала. Тајсон Фјури? Сакаме да оставиме наследство и ќе го направиме тоа. Џошуа ми рече дека ја сака оваа борба, тоа ќе биде меч за историјата на британскиот бокс”, изјави Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON