За репрезентативците во кадетска и јуниорска конкуренција во кати нема празнување ниту оправдување дека времето е лошо и дека е многу студено. Тие неуморно се подготвуваат за претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, од од 6 до 8 февруари.
Тие тренираат под стручен надзор на тренерот на репрезентацијата Златко Димоски во Прилеп. И покрај ниските температури, дел од кондициските продготовки се прават на отворено на снег. Но, еден дел се изведува и во сала.
Анастасија Матеска, Мишела и Маријана Димоски, Искра Карашоска, Пуликсенија Јовановска (сениор) и останатите репрезентативци од Прилеп не го губат времето, се подготвуваат за освојување на трофеи од ЕП.
ipon.mk/В.Д.