Нема пари за Шерифовска и Рушити за Европското првенство во Малага

Berna serifovska mioki

Од утре до недела се одржува Европското првенство за јуниори во џудо во Малага, Шпанија, за жал, без наши претставници.

Иако се пријавени Берна Шерифовска и Артан Рушити, тие нема да настапат поради недостаток на пари.

Така, идните сениори остануваат без уште едно големо натпреварување.

Да потсетиме дека Шерифовска од Џудо федерацијата на Македонија беше прогласена за најдобра џудистка за минатата година.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON