Поранешниот светски шампион во тешка категорија, британскиот ТВ-бокс експерт Џони Нелсон се сомнева дека реваншот меѓу Александар Усик (22-0, 14 КО) и Тајсон Фјури (34-4-1, 24 КО) ќе се одржи и покрај тоа што е закажан за 21 декември.
Потсетуваме дека на 18 мај Усик го победи Фјури на поени и стана апсолутен шампион во тешка категорија.
„Мислам дека Тајсон Фјури сфаќа што му се случи, полека но сигурно. И не верувам дека некогаш повторно ќе се бори со Усик. Или Фјури ќе одбие, или Усик ќе се пензионира или ќе се пресели надолу. Вака или онака, мислам дека нема повторно да влезе во рингот со Усик. Мислам дека ќе одбие реванш поради природата на неговиот пораз, само ќе му биде тешко да се справи со тоа.
И, ако Фјури повторно се бори со Украинецот, тој повторно ќе пропадне. Не верувам дека Тајсон ќе го победи Александар. Неговите нозе можеби се уште се таму, но тој не е истиот борец што беше. Тоа ни го покажа борбата со Усик, како и неговата претходна борба (против Френсис Нгану). Можеби е време тој да ги закачи ракавиците“.