Очекуваниот голем меч меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа за светската титула на ИБФ најверојатно нема да се одржи оваа година, тврди бугарската телевизија „Нова“.
Според оваа телевизија, причината за ова е што предложениот датум 26 ноември не му одговара штабот на бугарскиот боксер, а, пак, и самиот Џошуа во оваа фаза претпочита да боксира со други ривали.
Во последните денови на големо се зборуваше за средба меѓу Пулев и Џошуа, дури дека и менаџерот на 26-годишниот Англичанец изјавил оти се водат преговори за ваков меч. Во оваа фаза, сепак, овој меч ќе се одложи за некое време.
Така, Пулев ќе прави други варијанти. Многу е веројатно до крајот на годината да направи средба за одбрана на европската титула, која ја освои во последната борба против Дерек Чисора.