И Нелсон Узеир обезбеди бронзен медал на Светското јуниорско првенство во кик бокс во Лидо Диесело, Италија, по победата над Винце Торок од Унгарија со 3-0.
Утре во полуфиналето со Италијанецот Франческо Криваро ќе се бори за влез во големото финале и најмалку сребрен медал за Македонија.
„Нелсон прикажа одлична борба која ја доби со прекин во првата рунда, вадејќи го трипати противникот надвор од борилиштето и многу повеќе доминираше, беше подобар“, изјави селекторот Дејан Митровски-Урко.
Утре се бори за сребро.
Ова е втора бронза што ја обезбедија нашите кикбоксери на СП, откако препладне Јадранка Темелковска Темелковаславеше со 3-0 против Николе Буљан од Хрватска. Утре за финале ќе ги одмери силите со Канита Муминовиќ од Босна и Херцеговина.
Резултати СП:
Лоу кик
Јуниори
-56 кг
Јадранка Темелковска – Николе Буљан (Хрватска) 3-0
Полуфинале
Јадранка Темелковска – Канита Муминовиќ (Босна и Херцеговина)
Кик лајт
јуниори
-89 кг
Нелсон Узеир – Винце Торок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Нелсон Узеир – Франческо Криваро (Италија)